Откако стана јасно дека Интер ќе остане без Алексис Санчез подолго време поради тоа што фудбалерот ќе оди на операција, Антонио Конте веќе почна да бара замена за него. Имено, во Италија се шпекулира дека во јануари, Конте ќе се обиде во Милано да го донесе својот некогаше голгетер од Челзи и француски репрезентативец, Оливие Жиру.

Жиру и онака не е среќен со минутажата која ја добива во Лондон и лесно може да ја прифати понудата на Конте. Новинарите шпекулираат дека и Челзи е согласен да го продаде, но се чека вистинска понуда.