КФСМ се активира за да ја засили својата соработка со соседните кошаркарски Федерации, па така не е потпишан само меморандум за соработка со Косово, туку и со Бугарија, Црна Гора и Романија.

Овој меморандум за соработка е пред се за развојот на младите селекции и истиот е потпишан на две години, но е раскинлив во било кое време.

За нашиот претседател Перо Антиќ, како и неговите колеги од националните федерации на Бугарија, Црна Гора, Романија и Косово, најважна е соработката и поддршката за развојот на кошарката кој вклучува организирање на пријателски натпревари или турнири на сениорските национални тимови, но и во млади категории, потоа размена на експерти и одработување на тренинзи, учевство на млади кошаркари, тренери и судии во кошаркарските кампови организирани од националните федерации, како и помош, поддршка и меѓусебно лобирање на меѓународно ниво.

Овие четири Федерации нема да бидат единствените партнери на КФСМ. Се чекаат потписи на меморандуми и со други земји, кои ќе ја прошират и продлабочат кошаркарската соработка.