Претседателот на Бугарскиот фудбалски сојуз Борислав Михајлов, поднесе оставка. Тој денеска ја поднесе оставката до членовите на Извршниот комитет кои ќе заседаваат во петок. Ова доаѓа како реакција по барањето на Премиерот Бојко Борисов да си замине од фудбалскиот сојуз.

„После долги години минати на чело на сојузот, и со многуте контакти на високо меѓународно ниво, г-н Михајлов е подготвен и понатаму да помага за развивањето на бугарскиот фудбал на било каков друг начин“, се вели во соопштението на Бугарскиот фудбалски сојуз.

После барањето на Борисов, портпаролот на БФС истакна дека тоа нема да се случи, но после два часа доаѓа оставката на Михајлов.