Со голот на Родриго во 92. минута, селекцијата на Шпанија се спаси од пораз на гостувањето против Шведска и остана на првата позиција во групата со огромни шанси за пласман на европското првенство по последните две средби кои се на програмата идниот месец. Шведска која се надеваше на полн плен од овој меч за да остане рамо до рамо со Шпанија и Романија во трка за двете места кои водат на ЕУРО 2020, не успеа да ја задржи предноста по голот на Маркус Берг во 50. минута.

За среќа на Шведска и Романија не успеа да победи дома. За тоа се погружија Норвежаните кои израмнија слично како и Шпанија во судиското продолжение, па Шведска остана втора на табелата со бод предност пред Романија.

Интересно беше вечерва во Атина, каде Грција и стави „сопка“ на селекцијата на БиХ на патот кон ЕП и и даде „пас“ на Финска која претходно ја совлада Ерменија и се смести на 2. место на табелата со комотна предност пред Босанците од 5 бода пред последните две квалификациски средби. Во оваа група, Италија која веќе е на ЕП, со убедливи 5:0 ја совлада селекцијата на Лихтенштајн.

 

РЕЗУЛТАТИ:

ГРУПА “Д“

Гибралтар – Грузија 2:3

Швајцарија – Р. Ирска 2:0

Standings provided by Sofascore LiveScore

ГРУПА „Ф“

Фарски О. – Малта 1:0

Романија – Норвешка 1:1

Шведска – Шпанија 1:1

Standings provided by Sofascore LiveScore

ГРУПА „Г“

Израел – Летонија 3:1

Standings provided by Sofascore LiveScore

ГРУПА „Ј“

Финска – Ерменија 3:0

Грција – БиХ 2:1

Лихтенштајн – Италија 0:5

Standings provided by Sofascore LiveScore