Џанлука Вијали, некогаш еден од најдобрите фудбалери во светот, беше член на Сампдорија, Јувентус, Челзи, во нападот на „аѕурите“.

Минатата година изјави дека е болен од рак и дека пред него е голема битка со оваа страшна болест. Тој во последните месеци е нешто подобар, со помош на хемотерапијата се чини полека ја добива битката со ракот.

Но ретко кој може да го препознае на фотографијата некогаш славниот фудбалер, кој беше брилјантен во тандем со Роберто Манчини. Страшна фотографија која го шокираше фудбалскиот свет.

„Се чувствувам подобро, пред се физички. Но рано е да кажам дека целосно сум ја победил болеста“ вели Вијали.