Дванаесет екипи во женска и девет во машка конкуренција ќе играат во Првата лига оваа сезона. Веќе е познато дека поранешниот првак Шкендија ги надмина проблемите и се врати во елитата, а женската лига ќе ја збогати тимот на Струмица (жени). Екипата на Работнички (жени) којашто минатата сезона беше вицепрвак, сезонава ќе настапува со името Вардар. Двојните круни ги бранат Џио Струмица во машка и Работнички Скопје во женска конкуренција.

Одбојкарската федерација на Македонија и МРТВ ќе ја продолжат соработката, па од секое коло од најинтересниот дуел женска и машка категорија ќе има директен пренос.

„Одбојкарската федерација на Македонија и Македонската радиотелевизија не само што ќе ја продолжат, туку и ќе ја продлабочат соработката, па од сезоната 2019/20, планиран е еден пренос од секое коло на најинтересниот натпревар од машката или од женската лига. Терминот за македонска клупска одбојка на МТВ ќе биде в понеделник навечер. Со оглед дека претстојниот викенд ќе почнат дамите, за 21-ви од 19:30 е предвиден пренос од средбата меѓу ланските полуфиналисти кај Јанта волеј и Наковски волеј. Одбојкарите ќе ја почнат сезоната викендот на 26-ти и на 27-ми овој месец, а првиот пренос е планиран на 28-ми октомври од дуелот меѓу Лирија и Вардар, кој сезонава ќе биде наш претставник во ЦЕВ Челинџ купот. Во првото коло на 13-ти ноември црвено-црните ќе гостуваат во Чешка кај Карлови Вари, а реваншот ќе биде во Скопје на 26-ти истиот месец“, велат од ОФМ.

Во првото коло кое е закажано за 26 до 28 октомври во машка конкуренција ќе се сретнат: Лирија – Вардар, УГД Студент – Џио Струмица, Весна Пробиштит – Универзитет Тетово, Шкеднија – Добра Волеј, додека тимот на Борец е слободен.

Кај дамите во првото коло кое се игра порано од 19 до 21 октомври силите ќе ги одмерат: Македонија Макс – Ускана, Работнички Скопје – Универзитет Тетово (жени), Пелистер волеј – Бамикор, Јанта Волеј – Наковски Волеј, Струмица жени – Виктори Волеј.