Шпанската фудбалска ЛаЛига побара од Комитетот за натпреварување на Шпанската федерација „Ел Класико“ пресметката меѓу Барселона и Реал (М) закажана за следната сабота, 26 октомври во 13:00 часот на „Камп Ноу“, да не се игра во Барселона, туку на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Причината е стравот од инциденти за време на средбата поради политичката состојба во Каталонија по изречените казни за референдумот за независност.

Токму на тој ден се очекуваат големи демонстрации во Барселона, што значи дека нема да има услови за безбедна организација.