Екипата на МЗТ Скопје има три победи по првите три кола во новата сезона во АБА 2 лигата, но не само што собира победи туку екипата од Аеродром трето коло по ред има играч на колото. Да потсетиме Нуни Омот беше прогласен за најкорисен кошаркар во 1. рунда, а потоа Џабари Хиндс е прогласен за МВП на колото откако на мечот со Спаркс во Сараево постигна 23 поени со 9 скока и 8 асистенции.

А во третото коло МЗТ ја победи Рогашка, а најкорисен играч на целото коло беше македонскиот репрезентативец Дамјан Стојановски кој на споменатиот меч реализираше 18 поени со две асистенции и дури осум блокади.