Легендата на бугарскиот фудбал Христо Стоичков не остана рамнодушен откако избувна расистичкиот скандал на мечот на бугарскиот репрезентативен тим против Англија.

Бугарија е под силен притисок и закани за драконски казни по инцидентите на трибините на „Васил Левски“, а УЕФА е пред тест во битката со расизмот. Најдобриот бугарски фудбалер низ историјата не ги криеше солзите додека зборуваше за оваа тема во телевизиско гостување.