Дуелот меѓу македонските репрезентативци во 10. коло од Бундеслигата мина во знакот на Филип Кузмановски и Магдебург кои пред својата публика со 33:28 (13:14) ги победија Жарко Пешевски и Штутгард.

Иако Кузмановски и неговите соиграчи се радуваа на крајот, кога е индивидуалниот учинок во прашање, Пешевски е оној кој имаше поголема минутажа и постигна три гола од пет обиди, додека бекот имаше само еден погодок од исто толку обиди.

Филип Миркуловски и Вецлар загубија од Кил 26:30 (10:17), а бекот не се запиша на листата на стрелците на оваа средба.

Мартин Томовски и Лудвигсхафен, пак, загубија на гостувањето кај Рајн Некар Левен, 29:26 (16:15). Томовски го одигра целиот натпревар и запиша осум интервенции од кои една од седум метри.