Македонија е на 17 место по бројот на играчи во „Топ 5“ Лигите во Европа, не сметајќи ги тука играчите од Шпанија, Англија, Франција, Германија и Италија.

Македонија во најсилните пет првенства, дава вкупно 7 играчи, од кои 1 во Бундеслигата (Чурлинов), двајца во Ла Лига (Барди и Трајковски), еден фудбалер во Лига 1 во Франција (Влатко Стојановски), и тројца во Серија А (Пандев, Елмас, Несторовски). Македонија засега нема ниту еден во Премиерлигата.

Изненадувачки на врвот на оваа листа е Австрија која има дури 37 фудбалери во најсилните еворпски лиги, од кои дури 31 се во Бундеслигата. Србија е на второто место со 36, трета е Данска со 30.