Поранешниот напаѓач на Бугарија и најголема фудбалска ѕвезда во историјата на нашиот источен сосед, Христо Стоичков, во изјава за француски „Л’Екип“ ја повика УЕФА да воведе сериозни санкции кон бугарските клубови по расистичкиот скандал за време на квалификацискиот натпревар против  Англија, кој се одигра во Софија. Мечот беше двапати прикинуван поради расистички напади од навивачите.

„Неопходно е да се затворат стадиониоте, да се игра без гледачи. Можеби дојде време за посериозна казна. Англија помина низ ова. Можеби е потребно да се отстранат бугарските клубови од меѓународни натпревари на пет години. Тоа ќе им помогне на сите да се смират. Не треба да има исклучоци“, изјави легендата на бугарскиот фудбал.