УЕФА покрена дисциплинска постапка против Турската Фудбалска федерација откако фудбалерите на националниот тим ги прославија головите против Албанија и Франција во квалификациите за ЕП 2020 со војнички поздрав. Иако не е јавно кажано која е пораката што ја испраќаат турските играчи, но кога ќе се поврзе времето тогаш станува јасно дека даваат поддршка на турската офанзива во Сирија.

А казната може да биде од парична, се до одземање на бодови затоа што е забрането да се испраќаат политички пораки за време на фудбалските натпревари.

А турските медиуми веднаш застанаа во одбрана на националниот тим. И посочија на УЕФА на неколку фотографии од светски фудбалски ѕвезди со војнички поздрав.

Кристијано Роналдо, Антоан Гризман, Марио Манџукиќ, Тиери Анри, Самуел Ето поздравувале на таков начин, па тоа било исправно од нив.