Колумбиските фудбалери излегоа на штрајк откако долгите разговори со луѓето од Фудбалската федерација околу условите за работа не дадоа позитивен резултат. Во преговорите учестуваа фудбалери, Лигата на Колумбија и ФФ на таа држава. Фудбалерите барале намалување на бројот на натпревари, колективен здравствен договор и превенција од повреди како и преиспитување на дисциплинските правила.

Минатиот викенд најдобрите тимови протестираа со тоа што пред стартот на натпреварите седеа на теренот или си ја полека си ја подаваа топката во првите минути после свирежот на судијата. Играчите сметаат дека Федерацијата е глува на нивните барања, па се што укажувале до сега се било отфрлено. Рекле доста е, ако не се преземе нешто ќе има штрајк. И ШТРАЈК ќе има, само се разгледува кој викенд ќе биде одржан и кое коло ќе нема да се одигра – дали оваа недела или идната.

Кога вашите работодавачи не ги слушаат вашите молби, вие имате право да го искористите тој механизам (штрајк) за да ги натерате да ве слушнат. Играчите беа трпеливи и чекаа, чекаа и ништо не се случи. Па се обединија околу идејата на запирање на првенството“, изјави извршниот директор на Сојузот на фудбалери, Карлос Гонзалес.