Официјалната промоција на топката со која ќе се играат натпреварите од Европското првенство 2020 е закажана за следниот месец, но производителот Адидас објави фотографија за да ја види реакцијата на фановите.

Името на топката е Унифорија ЕУРО 2020, која е изработена по истата формула и материјали како и Телстар 18 – топката со која се играа натпреварите на СП во 2018 година.

ЕП 2020 ќе биде првото во истријата кое ќе се игра во повеќе од две земји, поточно натпреварите ќе се играат во градови во 12 земји, а финалето ќе се одигра на Вембли во Лондон.