Барселона заедно со ЦСКА остануваат единствените непоразени екипи по третото коло во Евролигата. Каталонскиот гигант благодарение на одличното второ полувреме го совлада составот на Алба Берлин со убедливи 103-84.

Германскиот тим беше рамноправен противник само едно полувреме (46-44). По одморот кошаркарите на Барселона ја подобрија одбраната и за кратко време ја имаа контролата на мечот. Хигинс со 22 поени и Миротиќ со 18 поени беа најефикасни кај домаќинот.

На последната средба Анадолу Ефес немаше проблем против Валенсија, на гостински терен славеше со 83-78 за втора победа сезонава. Симон со 19 поени го предводеше турскиот тим, на другата страна Дубљевиќ имаше 22 поени.