Со дуелот меѓу МЗТ Скопје и МЗТ Скопје помладиот тим започна второто коло во Првата лига. Името на победникот беше познат (103-77) и пред самиот меч, интересно беше на дело да се видат како се борат два братски тима.
Очекувано, бранителот на титулата не се трошеше на оваа средба, чуваше сили за продолжение од сезоната, па голем дел од стандардните кошаркари не влегоа на терен, оние кои добиваат помала минутажа беа во преден план во тактиката на Ѓорѓи Кочов.
На другата страна се чини младите „штркови“ имаат поголем мотив од оној против Работнички, па на постарите „браќа“ за едно полувреме им дадоа далеку поголем број на поени за разлика против најтрофејниот кошаркарки колектив во Македонија. На полувремето беше 55-44, пред два дена во „Градски парк“ мечот заврши 103-58.
МЗТ Скопје дојде до петата победа во низа на стартот на сезоната, три забележа во АБА 2 лига и две во домашниот шампионат, на другата страна младите момчиња од Аердром својата шанса за сензација ќе ја бараат на друга средба.