Селекторот на машката сениорска репрезентација , Данило Брестовац го објави списокот за меѓународни пријателски натпревари во Турција во рамките на ЕХФ неделата. На дуелите (Турција и Италија) во Ескишехир составот ќе ги нема капитенот Кирил Лазаров, Дејан Манасков, Борко Ристовски и Гоце Георгиевски, кои се ослободени од првите средби.

Тие ќе се приклучи подоцна, ќе настапи за пријателските средби со Грузија, кои ќе се играат во Скопје, кои ќе закажани за 25 и 26 овој месец.

Собирот е закажан за во понеделник во 17 часот во хотел „Александар Палас“ во Скопје.