Малку недостасувало НБА ѕвездата Двејн Вејд да игра во Европа, поточно во тимот на Олимпија Милано. Тоа го потврди и претседателот на овој клуб, Лео Дел’Орко.

„Сакавме да донесеме некоја НБА ѕвезда, се интересиравме за Двејн Вејд“, изјави Дел’Орко.

Сепак, Вејд на крајот се одлучи да замине во пензија, откако го носеше дресот на Мајами. Во минатото настапуваше и за Чикаго.