Последните мечеви од третото коло во Евролигата имаа интересна завршница. Зенит приреди изненадување, го совлада Олимпијакос среде Атина, откако по продолжение славеше со 68-77 (19-20, 17-18, 11-15, 17-11, 4-13) за прва победа сезонава.

По оној силен старт на домашниот состав од 12-0 во првата четвртина, никој не веруваше дека рускиот тим ќе замине со целиот плен. Кошаркарите на Зенит прво се вратија со серија од 6-0, а потоа трпеливо ја топеа позитивата на противникот, по првите десет минути имаа минални 17-18. Тесно и неизвесно беше и во следниот период.

Гостите поведоа на двапати со плус четири, но Олимпијакос се врати во игра, пред крајот на одморот Зенит успеа да го превземе водството и да полувремето да замине со 36-38.

По третата четвртина која мина во знакот на Русите (на средината имаа водство од 38-48), грчкиот тим притисна, се доближи на 38-40, но не успеа од прва да направи пресврт. Тоа им успеа пред самиот крај, Папаниколау погоди тројка за 64-64  за продолжение.

Не се откажаа гостинските кошаркари, тргнаа со серија од 1-6. Понитка беше херојот во редовите на својот тим, средбата ја заврши со 18 поени и пет скока, зад него беше Ајон со дабл-дабл учинок од десет поени и десет скока.