Го нема Нејмар нема проблем! Тука се другите асови на Пари Сен Жермен кои вечерва беа расположени на „Алијанц ривиера“ против Ница во 10.коло на Лига 1. Обезбедија победа од 4:1 што е нивна осма сезонава, а расположени беа Ди Марија кои ги постигна првите два гола на мечот и тоа во првото полувреме, а во второто Мбапе и Икарди го докусурија домашниот тим. Ница иако даде гол во 67. минута го заврши мечот со девет играчи во поле затоа што поради два жолти картони играта ја напушти Сипријан во 74. минута, а директен црвен доби Ереле три минути подоцна. Во таква ситуација ПСЖ не простува.

Ница предводена од Патрик Виеира е дури деветта со само 13 бода.