После скандалозниот меч со Англија на „Васил Левски“ под притисок на јавноста раководните луѓе на Фудбалскиот сојуз на Бугарија поднесоа оставки. Прв беше претседателот Борислав Михајлов, а денеска речиси цел Извршен одбор поднесоа оставки поради што ќе следува реконструкција на главното фудбалско тело во Бугарија.

Се очекуваше функцијата да ја презеде Атанас Фурнаџиев но и тој поднесе оставка. Првиот потпретседател Јордан Лечков не може да го земе кормилото затао што е во предизборна кампања. Така другиот потпретседател Михаил Касабов седнува на фотељата но како в.д. претседател кој ќе ја обавува функцијата до конгресот на БФС кој најверојатно ќе се одржи во февруари 2020 година.

Целиот Извршен одбор поднесе оставка. Ќе има нов Извршен одбор кој ќе биде одреден на следниот конкрес“, рекоа од БФС.

А во целата оваа бура и селекторот Красимир Балаков поднесе оставка. Тој беше на чело на репрезентацијата едвај шест меча во кои не успеа да запише ниту една победа – едно реми и пет порази.

Бев решен да го завршам циклусот но вака не оди. Не бегам од одговорност, но ова што се случува е хаос. Поднесов оставка во БФС и веќе не сум селектор. Им реков ако јас сум проблемот за слабите резултати и она што се случува во бугарскиот фудбал тогаш веднаш си одам. Не размислувам. После мене целиот Извршен одбор си поднесе оставки“, изјави Балаков.

Не сакам никој да ми го валка името. Во последните 25-30 години дадов многу во борбата со расизмот. Тие кои ме познаваат добро знаат за тоа. Дали расистичкиот скандал ме чинеше работа? Тоа беше капак на се. На полувремето за првпат видов мртва тишина. Се обидов да ги кренам момците. Немаше бунт на фудбалерите на полувремето. Тие беа скршени психички. Немаа енергија за бунт после се што се случи на теренот и покрај него во првиот дел“, кажа Балаков.