Дефанзивецот Џоел Матип го продолжи договорот со Ливерпул до 2024 година на општо задоволство на сите во клубот како и на тренерот Јирген Клоп, кој лично се заложи да биде донесен на „Енфилд“ кога тој ги презеде „црвените“ .

Матип стана еден од водечките фудбалери во дефанзивниот ред на Ливерпул.

„Мило ми е што сум дел од овој прекрасен клуб. Однадвор гледано Ливерпул е голем клуб, но всушност кога си дел од него точно може да се почувствува колку е голем овој клуб. Насекаде има фанови. Во сите земји во цел свет. Тоа е огромен клуб и мене ми е задоволство што играм за него“, изјави Матип.

После потпишувањето на договорот и излегувањето од вратата, Клоп го пречека со урнебесна реакција „уловена“ на фотографија.

„Тој е светска класа и е перфектен за нас“, кратко изјави Клоп.