Дуелот меѓу Веспрем и Вардар е во центарот на вниманието. Утре (17:30 часот) силите ќе ги одмерат првакот и вицепрвакот од последното издание на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите.

Добро е познато дека унгарскиот тим во својот состав има голем дел од оние ракометари кои беа дел од двете златни генерации на „црвено-црните“ во елитното натпреварување. Еден од нив е Рожерио Мораес.

Бразилскиот пикер двапати се искачи на тронот на Европа, а по минатогодишното финале замина во редовите на Веспрем. Самба добро знае како дише овој Вардар, добро знае дека дел од играчите не можат да си дозволат два порази, по оној од Кил.

„Има неколку играчи во Вардар кој не можат да си дозволат да изгубат двапати на индентичен начин. Вардар одигра крајно лош ракомет против Кил, но тоа не значи ништо. Победата е многу важна за нас, играме на домашен терен, имаме многу подолга клупа за разлика од Вардар кој има помлад тим и не многу избор“, изјави Мораес пред утрешната пресметка.