Марсело Биелса го нарекуваат „лудак“. А има и зошто! Чист пример е вечерашната гала-вечер по повод 100 години од формирањето на Лидс. Џани Алиоски и соиграчите, како и другите гости беа облечени во свечена облека, а аргентинскиот тренер штом се појави ги собра погледите на присутните на овој историски момент. Биелса дојде во тренерки и патики, и со рацете во џебовите.