Вечерва Ајнтрахт Франкфурт го понижи тимот на Баер Леверкузен во 8.коло на Бундес лигата. Четата на Ади Хитер ги надитри гостите кои делуваа изгубено на „Комерцбанк арена“ во Франкфурт. Пасиенсија со двата гола во период од 13. минути ги доведе домашните во предност, а во вториот дел холандскиот голгетер Бас Дост само ја потврди убедливата победа на Ајнтрахт.Интересно, Ајтрахт изгубил еднаш на последните 16 натпревари во петок и тоа од Борусија Дортмунд во септември 2018 година. Инаку скорот им е осум победи и седум ремија.