Нов пораз на Шкендија, со нов тренер, но и со нова лоша игра. Ернест Ѓока не успеа барем малку да ја „дигне“ Шкендија, она што тетовци го играа досега, го играа и денеска. Бескрајни додавања, малку шанси, без голови. Ѓока со малку чудна формација 4-1-4-1, нешто што Шкендија никогаш не го играла, и се виде дека дефинитивно Фелипе со Алими, Бесарт и Агим тешко игра, речиси ништо не игра. Секако дека е рано за откажување, но оваа Шкендија тешко дека оваа сезона ќе може нешто да стори. А денеска беше буквално ни Ш од шампионот.