Новото истражување на „Spreadex“ соопшти дека Челси е најгрубата екипа/клуб во историјата на Премиер лигата. „Сините“ од Лондон направиле најмногу прекршоци за жолти и црвени картони. Екипите добиваат по 10 поени за жолт картон и по 25 за црвен картон, а лондончани собрале 18 360 поени досега.

Втор на листата на најагресивни е Евертон со 18 245 поени, а другите два лондонски ривали – Арсенал и Тотенхем го дополнуваат топ 4 со по 17 885 и 16 815 поени.

Основите фаворити за титулата оваа сезона Ливерпул и Манчестер Сити се меѓу најдисциплинираните затоа што се на деветтото односно десеттото место во оваа класификација.