Челните луѓе на Фудбалскиот сојуз на БиХ му дадоа поддршка на селекторот Роберт Просинечки и покрај лошите игри во квалификациите за Европското првенство. После поразот во Атина, и негативниот резултат поради кој БиХ испадна од трката за ЕП преку квалификациите, раководните луѓе на ФС на БиХ одлучија Просинечки да остане на селекторската позиција.

Да потсетиме уште пред мечот со Грција, Просинечки поднесе оставка, но ФС на БиХ не ја прифатија. Роби треба да подготви план за двете последни натпревари во квалификациите, како и натпреварот од баражот кој ќе биде одигран во март 2020.