Репрезентациите и клубовите од Србија не можат да играат со екипите од Косово. Истото важи и за претставниците на Босна и Херцеговина. А од денес тоа правило зависи и за Русите! И нивните клубови и репрезентација во иднина ќе ги избегнуваат дуелите со претставниците од Косово.

Оваа одлука ја донесе Одборот за итни прашања на УЕФА на седницата во Нион. Конечниот заклучок е во иднина сите репрезентации на Русија (машки, женски) и клубови да не можат да играат со Косово.

УЕФА донесе ваква одлука после ждрепката за квалификациската група за ЕП за жени 2021 година која во групата ги спои Русија и Косово. Првиот меч кој требаше да се одигра на 4. октомври е одложен, а сега е одлучено двата дуели да се играат на неутрален терен.

Русија не го признава Косово и е на страната на Србија. Според нив оваа држава е центар на тероризмот во Европа, а не може да замиже пред она што им го прават на Србите во северниот дел. Тие комплетно стојат зад Србија, а поради нарушените односи УЕФА се најде во проблем, па мораше да ги двои Русија и Косово исто како што ги раздвои Русија и Украина да не можат да се паднат една против друга.