Кошаркарите на Куманово ја забележаа и втората победа по ред во македонското кошаркарско првенство, а овојпат славеа на гости против Академија ФМП со 93:80. Кумановчани стартуваа фуриозно, ја добија првата четвртина со 26:17, но во втората беа лоши и противникот ја доби со 25:13. Решавачкиот момент се случи во третиот период во кој Куманово тотално доминираше и го доби со 29:15, па предноста ја одржуваше до крај.

Најефикасен кај Куманово беше Давид Миладиновиќ со 22 поени, додека еден поен помалку имаше капитенот Марјан Јанески. А најефикасен кај ФМП, а воедно и на натпреварот беше Роналд Херис кој реализира 29 поени. Попусто Американецот имаше супер партија кога соиграчите не го следеа.

По две одиграни кола Куманово е трет на табелата со четири бодови исто колку и МЗТ и Еуроникел, а ФМП е претпоследен со два бода.