Веспрем и Вардар дефинитивно е посебен меч, не само поради фактот дека ќе се сретнат вицешампионот и шампионот во Лигата на шампионите.

Добро е познато дека унгарскиот првак во последните две години често пазари од македонскиот тим. Дејан Манасков, Арпад Штербик, Рожерио Мораес и Вуко Борозан е четворката која веќе го носеше „црвено-црниот“ дрес, кога ќе се додаде Давид Дејвис и Марија Лојаница, се добива впечаток дека Веспрем ја сака шампионската формула на Вардар за освојување на титулата во ЛШ.

Дејвис добро познава дел од ракометарите, па токму затоа за него поразот од Кил нема никакво значење, знае како овој Вардар може да се издигне.

„Вардар е актуелен првак во Лигата на шампионите, што значи дека е сериозен тим. Играат добро, веќе со години се меѓу најдобрите во Европа. Изгубија само еден меч во последните четири средби. Вардар е секогаш опасен тим“, изјави Давид Дејвис во пресрет на денешната пресметка.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем е закажан со почеток во 17:30 часот.