Поранешниот напаѓач на Манчестер Ј., Златан Ибрахимовиќ, откри интересна случка од соблекувалната на „Олд Трафорд“ во времето кога во тимот беше заедно со младиот Ромелу Лукаку, кој сега игра за Интер.

„Јас знаев дека од него не може да се очекува добра техника. Во една прилика му понудив да се обложиме. Му реков дека ќе му дадам по 50 фунти за секоја успешно смирена топка. Тој ме одби. Неговиот најголем квалитет е чистата сила. Да појаснам, тој никогаш не го прифати предизвикот. Можеби се плашеше да не изгуби“, вели Ибра.