Македонскиот голман Дени Илиев имаше фантастичен настап за Серед во дуелот со Спартак Трнава во словачкото првентво. Предмалку заврши тој меч, а Серед на домашен терен го победи позвучниот и поквалитетниот ривал со 2:1. Покрај стрелците на головите и голманот Дени Илиев беше најзаслужен за овие три бода. Во 27 минута му одбрани пенал на Митреа, а истиот играч две минути подоцна се најде во супер шанса но Илиев го блокира неговиот удар и притоа се повреди. По кратката интервенција на лекарите македонскиот голман остана на теренот да спаси уште две топки.

Сепак, романскиот дефанзивец беше упорен и во 72 минута од слободен удар ја затресе мрежата на репрезентативецот. Во финишот на мечот Илиев го „отпиша“ и Ловат да се запише во листата на стрелци, па така резултатот остана во корист на Серед.

Инаку ова е втора победа на Серед над Трнава по ред на домашен терен. Минатата сезона славеше со 3:1.