Оваа интересна ситуација ни доаѓа од Белгија, после поразот на Генк од Стандард Лиеж со 1:0. Единствениот гол падна на интересен начин. Топката излезе од теренот, а фудбалерот на Стандард ја врати во поле и во завршницата на акцијата реализира гол. Судиите се консултираа со ВАР собата од каде кажаа дека не можат да проценат дали е аут па го признаа погодокот.

Тоа го налути тренерот на Стандард Фелис Мазу кој по завршувањето на мечот додека зборуваше пред новинарите го извади мобилниот и ја покажа фотографијата во која јасно се гледа дека топката излегла во аут пред да падне голот.

Ајде да ја погледнеме фотографијата заедно! Ќе ви ја покажам, еве ја. Гледајте. Од авион се гледа дека е аут. Ви ја покажувам за да знаете дека сум во право, а судиите не се. Моите играчи знаеја дека е аут и престанаа да играат, а судијата не свирна ништо. И нормално беа изненадени. И со технички помагала судиите не видоа дека тоа е аут. Не разбирам како можеа да проценат “, изјави Мазу.