Немаше ни „Д“ од „езерското дерби“ во Суперлигата, со оглед на тоа дека комплетниот меч мина во знакот на Охрид, кој со 28:10 (13:6) дојде до победа над Струга.

Струшкиот тим е далеку од она што беше ланската сезона и не беше доволно силна да му се спротивстави доволно на тимот на Раде Стојановиќ, кој му нанесе тежок пораз пред неговата публика. Фактот дека во првото полувреме постигна само шест, а во второто четири гола доволно зборува за соодносот на силите на ривалите.

Во последниот суперлигашки меч од ова коло Радовиш со 41:33 (22:13) го совлада Работнички. Ивица Илиев беше најдобар во редовите на домаќинот и постигна 12 гола, додека Николов имаше десет погодици. Кај Работнички, Давор Палевски беше двоцифрен со 12 погодока.