ЕХФ „мечот на неделата“ меѓу Барселона и ПСЖ мина во знакот на каталонскиот гигант, кој со 36:32 (19:15) славеше во „Блауграна“.

Чави Пасквал му одржа нова ракометна лекција на Раул Гонзалез во второто полувреме и дојде до четвртата победа во групата А. ПСЖ единствената предност во мечот ја имаше на стартот 0:1 по погодокот на Карабатиќ и потоа 10:12, додека останатиот дел од дуелот беше во доминација на Барса.

Откако на полувремето заминаа со 19:15 во вториот дел Барса имаше највисока предност од осум гола (30:22), а потоа опуштено до крајот на мечот дојде до победа во големото дерби.

Гомез постигна 8/8 гола, Дика Мем имаше шест гола за Барселона, додека кај ПСЖ Лука Карабатиќ беше беспрекорен со 8/8.