Денеска со почеток од 14:30 часот, се играат четири натпревари од 10.коло во ПМФЛ. Дербито се игра во Ѓорче, каде Македонија ЃП го дочекува Вардар. Интересно се очекува да биде и на Арената „Тодор Проески“, каде Работнички ја дочекува Струга ТЛ. Клубот од Градски парк, по триумфот над Ренова во минатото коло, посакува да „врзе“ две победи по ред и со тоа да се приклучи кон екипите кои претендираат кон горниот дел на табелата. Проблем за „романтичарите“ е неиграњето на „пожолтениот“ Драган Стојков, клучниот играч во средниот ред.

Во Кратово домашниот Силекс ја дочекува Ренова, екипа која може да победи секого, но може и да загуби од секого во ПМФЛ. Во Велес пак „фенерџијата“ Борец ќе има пеколно тешка задача да дојде до бодови против забревтаниот Шкупи под водство на стратегот Ќатип Османи. 

Вчера Шкендија на свој терен загуби од А.Пандев со 0:1, со тоа струмичани се моментално лидери на табелата.

 

ДВОЈКИ ЗА 10.КОЛО – ДЕНЕСКА 14:30 Ч

СИЛЕКС – РЕНОВА

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ

БОРЕЦ – ШКУПИ

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР

ВЧЕРА:

ШКЕНДИЈА – А.ПАНДЕВ 0:1