Сензација на Балеарските острови. Екипата на Мајорка го победи големиот Реал Мадрид и тоа за првпат по 2008 година. Повратникот во Ла Лига го победи кралскиот клуб со 1:0 со голот на Жуниор во 7. минута од мечот.

Во 74 минута Одриозола доби црвен картон по што Реал играше со фудбалер помалку. А македонскиот репрезентативец Александар Трајковски ги одигра последните 10 минути, доволно за да биде првиот Македонец после 24 години што славел победа над славниот Реал Мадрид.

Претходно такво нешто му успеа на Митко Стојковски кој како член на Овиедо во септември 1995 година го совладал Реал на „Бернабеу“ со 3:2. Значи зборуваме за наши играчи кои играле и славеле победа против кралскиот клуб. Рајо лани го победи Реал со 1:0 на домашен терен но Столе Димитриевски го преседе мечот на клупата.