Марко Ројс е стрелец на единствениот гол за Борусија Дортмунд во победата над Борусија Менхенгладбах со 1:0 во БУндес лигата. „Жолто-црните“ конечно запишаа еден добар резултат после неколкуте ремија, па го искористија киксот на Баерн против Аугзбург за да се израмнат бодовно со него. Но и со овој пораз Менхенгладбах остана на првото место на табелата пред се поради ремито на Волфзбург притив РБ Лајпциг.

Капитенот на Борусија Ројс дебитираше за Менхенгладбах постигнувајќи 36 голови и запишувајќи 26 асистенции во 97 натпревари. Сега веќе 30-годишниот Ројс постигна девет голови во 12 мечеви против поранешниот клуб.

Исто така тоа е негов 121 бундеслигашки гол. А Дортмунд ја запиша деветтата победа по ред над истоимениот клуб што е најдолга нивна серија против некоја бундеслигашка екипа.