Супер меч одиграа Лацио и Аталанта на отворањето на 8. коло во италијанската Серија А. Римските „орли“ катастрофално го отворија натпреварот затоа што по првите 45 минути губеа со 0:3. Гостите со два гола на Муриел и еден на Папу Гомез обезбедија висока преност, а резултатот не се менуваше се до 70 минута кога Имобиле постигна гол за Лацио од пенал. Потоа комплетно се свртеја работие. Во следната минута Кореа намали на 2:3, а во судиското надополнување на времето Имобиле со уште еден гол од пенал го изедначи резултатот на 3:3 и спаси бод за Лацио.

По мечот тренерот на тимот од Бергамо Џан Пјеро Гасперини беше лут на судиите поради смешните пенали во корист на Лацио.

При првиот пенал Имобиле одглуми. Тоа беше смешно. Тоа ги охрабри домашните. А и вториот пенал не беше пенал. Лацио доби подарок“, изјави Гасперини.

Ова е вторпат во последните две години Лацио да стигнува негатива од три гола. Против Удинезе во декеври 2008 стигна до реми откако имаше дефицит од три погодоци. Исто така Лацио реализира гол(ови) на последните 18 натпревари на домашен терен во Серија А, а ист таков ефект имале во 2002 година.