Вардар не победи во Ѓорче, но Вардар и со реми се врати на чело на табелата. Тие 1:1 се чини се најреален исход од ова дерби, и Македонија ЃП, посебно во второто полувреме докажа зошто е во горниот дел на табелата.

Вардар не блескаше, на моменти Гачевски вообичаено спасуваше, но сепак овој Вардар докажа дека има млад тим кој треба да се негува. Во игра влезе и малиот Леонид Игњатов, а тука беше и стоперот Младеновски.