Од 24 до 27 октомври, нашата Футсал репрезентација, односно Фудбалската Федерација на Македонија, ќе биде домаќин на претквалификациски турнир за пласман на СП 2020 година.

Во нашата група, покрај Македонија се и Футсал селекциите на Словенија, Косово и Украина.

Селекторот на Македонија Иван Божовиќ за овој турнир ги повика следните играчи: Антонио Петровски (Проект), Иван Стојановски (Велес), Шефки Бериша (Шкупи),Зоран Левески (Шкупи), Ферид Агуши (Шкупи), Иван Крстевски (Врање, Србија), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Даниел Де Соуса (Мостар, БиХ), Седат Зибери (Италпол, Италија), Јакуп Рамадан (Нови Пазар, Србија), Драган Петровиќ (Шкупи), Адријан Мицевски (Сквер Дубровник, Хрватска), Џо Арсовски (Абна Чека, Либан), Сулејман Реџеп (Шкупи), Александар Глигоров (Шкупи), Исмет Чека (Шкупи), Еркан Сефери (Шкупи). Првиот меч го играме со Словенија (24.10), потоа со Косово (25.10), последниот меч со Украина (27.10).