И дефинитивно и официјално од вчера Ферхан Буба Хасани е нов фудбалер на Хелсинки, најдобриот и најтрофеен клуб во Финска. Тој во наредниот период ќе го носи „сино – белиот“ дрес на Хелсинки. Се разбира дека ова е мало изненадување, но со оглед на тоа дека сега во најголем дел од Европа преодниот рок е завршен, Хасани имаше малку опции, барем до јануари, а една од тие е токму Хелсинки.

Интересно е тоа што, така барем велат од финскиот клуб, дека тие одамна сакале да го ангажираат Буба. Но тоа им успеало дури во изминатите неколку денови. Веројатно Финците се држат до девизата – кога не можеш да го победиш, тогаш купи го. Се разбира дека тука мислиме на 2.квалифициско коло во ЛЕ во 2017 година кога Шкендија под водство на Ферхан Хасани го елиминира Хелсинки.

Прво во Струмица беше 3:1 за нашиот тим, а во реваншот во Финска беше 1:1. Тогаш капитенот на Шкендија Буба Хасани и на двата меча беше еден од најдобрите во тимот на тетовци, кој тоа лето стигна до плеј – офот во ЛЕ и дуел со гигантот Милан.