Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да обезбеди пласман во финалето на ИТФ фјучерсот во Анталија за награден фонд од 15.000 долари.

Ѓорческа беше совладана од Магдалена Пантучкова од Чешка со 2-0 во сетови 6-1 и 6-2. Македонската тенисерка успеа да освои само три гејма против осмата носителка на турнирот.

Лина ја очекува финалето во двојки, заедно со Мариана Дражиќ за противнички ги имаат Холанѓанките Ведер и Вишер.