Тешко но заслужено Јувентус стигна до нов триумф над Болоња и ќе остане на првото место на табелата во Серија А и после 8 коло. „Старата дама“ победи со 2:1 со што го продолжи фантастичниот ефект против екипата од „Ренато дал’Ара“ (23 победи и осум ремија и само еден пораз).
Пред мечот клубот му даде дрес на Кристијано Роналдо со бројот 700 на грбот, бројот на голови кои Португалецот ги реализира во кариерата (700-тиот погодок го постигна на дуелот Португалија и Украина пред неколку денови). А Роналдо го отвори резултатот во 19. минута. што е негов 701 гол во кариерата, но за реми на полувреме се погрижи Данило.
Само што почна вториот дел Мирале Пјаниќ се најде во супер позиција и со прецизен шут ја затресе противничката мрежа. Оваа победа е потполно заслужена, затоа што актуелниот шампион имаше многу шанси дури 15 шутеви на противничкиот гол, а гостите имаа среќа што примија само два гола.
Во другите денешни натпревари Лацио и Аталанта одиграа 3:3, а Наполи ја победи Верона со 2:0 со двата гола на Дрис Мертенс.