Македонскиот репрезентативец, Филип Талески и Балинген на домашен терен го добија дуелот со Фуксе Берлин совладувајќи го со 31-30 во рамките на 11. коло во Бундес-лигата.

Талески го одигра најдобриот меч во дресот на Балинген, на другата страна екс-голманот на Вардар, Дејан Милосављев беше немоќен. Репрезентативецот постигна осум гола од 11 обиди, зад свето име запиша уште две асистенции. Неговата форма радува, оваа недела тој ќе настапи во дресот на Македонија.

 

Филип Кузмановски пак со Магдебург славеа кај Ерланген со 31-27, но репрезентативецот не успеа да се запише во листата на стрелци, доби исклучување.

По некомплетното 11. коло, Магдебург е на седмото место со скор од седум победи и четири порази, додека Балинген е на 14. место, има три победи и шест порази, и два меча помалку.