Ракометарите на Вардар вчера го претрпеа вториот пораз во Лигата на шампионите на гостувањето во Веспрем, а по мечот новиот тренер Едуард Кокшаров ги „распушти“ играчите.

Од Веспрем сите вардарци си заминаа дома, односно оние кои имаат репрезентативни обврски од утре ќе им се приклучат на националните тимови во ЕХФ неделата, додека останатите на нова прозивка треба да се појават дури в четврток.

Дефинитивно репрезентативната пауза ќе биде добредојдена за „црвено-црниот“ табор, за да се оладат главите и да легнат страстите по двата големи порази од Кил и Веспрем во групната фаза, но и од промената на тренерот Давид Писонеро…

Според најавите најверојатно и новото тренерско решение ќе биде набрзо познато.