Лидерот на табелата во Премиер лигата, Ливерпул има негатива од еден го по првото полувреме на „Олд Трафорд“ во дербито на 9. коло во Премиер лигата. Со голот на Рашфорд во 36. минута, „црвените ѓаволи“ поведоа, но остана дискутабилна акцијата од која дојде до постигнување на водечкиот гол за домашните, по прекршокот над Дивок Ориги, кој ни судијата Еткинсон, ниту судијата од ВАР собата не го регистрираа.

Ливерпул успеа да постигне гол за израмнување, но тој по асистенција на ВАР собата беше поништен, поради игра со рака на Садио Мане.