Марк Маркез ја запиша десетата победа сезонава во Мото ГП. Иако пред две недели ја осигура титулата, Шпанецот продолжи да руши рекорди.

Со триумфот на трката за Големата награда на Јапонија се израмни со Мик Дуан кој има 54. победи и се наоѓа на третото место на вечната листа. На врвот е Валентино Роси со 89 победи, зад него е Џакомо Агистини.

Маркез доминираше на патеката „Могети“ заврши пред Фабио Квартаро и третопласираниот Андреа Довициозо.